Утре и задутре без напојување со електрична енергија во периодот од 9 до 17 часот ќе останат дел од корисниците од Трговскиот центар „Мавровка“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи. В понеделник, во периодот од 8 до 18 часот, без струја ќе останат сите стопански објекти во кругот на поранешната фабрика „Стаклара“, во Општина Кисела Вода.
Од 8.30 до 11.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Љубош – местото Врапче, Општина Студеничани, како и корисниците од ул. 9 Мај, Општина Центар. Во периодот од 8.30 до 12 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците лоцирани на бул. „Крсте Мисирков“ во стариот објект на Центро (Туркиш Донер, Мега фешн, Хедер фешн и останати корисници во истите објекти) и Сенатор во Општина Чаир.
Од 9 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Долна Арнакија во Општина Сарај. Во периодот од 9 до 15 часот корисниците од улиците Нов Живот, Дринска и Виничка, во Општина Шуто Оризари, како и корисниците од улиците Чаирска и Цветан Димов – зад Донер Хамза, во Општина Чаир. Од 9 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од Капан ан, Чаршија, од 9.30 до 13 часот, дел од корисниците од селото Мирковци, Општина Чучер-Сандево, од 10.30 до 14 часот корисниците од местото Чардак – Чучер-Сандево, од 12 до 14 часот корисниците од ул.22 во Сопиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.