В понеделник, 11 април во 20 часот на сцената на Турски театар премиерно ќе биде изведена претставата „Комедија на грешки“. Автор е Вилијам Шекспир. Преводот е на Авни Гивда, а режијата на Коле Ангеловски. Илина Ангеловска е сценограф, костимограф е Раде Вавислев, а музиката е на Џенгиз Ибрахим.
Улогите ги толкуваат: Селпин Керим, Џенап Самет, Ријад Тахир, Неат Али, Несрин Таир, Сузан Акбелге, Фунда Ибрахим, Зиба Радончиќ, Фунда Ибрахим.
– Коле Ангеловски е наш долгогодишен соработник. Ова е неговата десетта претстава во Турскиот тетар. Тој е соработник, кој во Турскиот театар има направно прекрасени претстави – изјави Атила Клинче, директорот на Турски театар.
Режисерот Ангеловски изјави дека оваа комедија на Шекспир е, можеби, една од првите работи што ги напишал Шекспир.
– Дејството на оваа претстава се случува во Ефес, Турција. Добро би било еден текст, чиешто дејство се случува во Турција, да се игра во Турскиот театар. Тоа беше првиот предизвик. Вториот предизвик беше тоа што во Турскиот театар имав идеална поделба на ликовите. Иако има претстави во кои четворица актери ги толкуваат улогите, но јас ја направив со двајца актери заради сличноста и забуните. Ако успеете да ги препознаете добро ќе биде, ако не, на крај ќе ви објасниме што сме сакале да кажеме. Оваа екипа одлично се вклопува во идејата што сакав јас да ја направам. Одамна немаме видено Шекспировска претстава со костими, сценографија, музика што потсетува на тие ренесанси инструменти. Но, бидејќи претставата ја правиме во денешно време има многу импликации на тоа што денеска се случува – вели режисерот Ангеловски.
Сценографија во претставата потсетува на театарот „Глоуб“, шекспировски театар. Едноставна е, функционална и убава. Може лесно да се спакува и да се патува со оваа претстава, смета режисерот Ангеловски.
– Идејата беше сценографијата да потсетува на времето на Шекпир, на тој патувачки театар. Се обидовме и нашата претстава да ја спакуваме да изгледа како еден патувачки театар кој лесно може да се преместува од место во место со одредении назнаки, се разбира. За соработката со турскиот театар може да зборувам најдобро и во суперлативи – изјави Ангеловска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.