| четврток, 6 декември 2018 |

Aпсења во Хрватска: Полицијата привела 20 лица осомничени за перење преку 66 милиони евра за наркокартели

hrvatska apsenja

Во голема акција на хрватската полиција уапсени се околу 20 лица под сомнение дека учествувале во меѓународен синџир за перење пари за наркокартел со фиктивно купување злато. Денеска ќе бидат испитани во седиштето на обвинителството во Загреб.

Хрватските медиуми ја поврзуваат оваа акција со неодамнешната пљачка во седиштето на кримполицијата во Загреб кога непознати сторители од сефот во канцеларијата на шефот на крим полицијата украле 280.000 евра и два килограми злато.

Меѓу осомничените се таткото и синот Пејо и Антонио Ивиќ, сопственици на украдените пари и злато, но тие не се уапсени, зашто се во бегство.

Наводно Антонио Ивиќ раководел со со фирмата која се товари дека перела пари за перуански картели.

ХРТ наведува дека истражителите се сомневаат дека на тој начин се испрани околи 500.000 милиони куни (66,1 милиони евра).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top