| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на Хипо банка поднесе оставка поради „Панамските документи“

hipo

Претседателот на Управниот одбор на австриската банка Хипо Форарлберг, Михаел Грамер поднесе оставка на функцијата, откако името на банката се појави во документите кои истекоа од панамската адвокатска фирма „Мосак Фонеска“.

Грамер во својата изјава нагласи дека оставката не е признавање на вина, туку лична одлука, за која одамна размислувал. Тој додаде дека е убеден во законитоста на зделките, извршени од страна на банката.

-Во трансакциите на офшор-компаниите сепак јасно се гледа кој стои зад сумите. ­ Тој е олигарх, богат Русин- го коментира Грамер обвинението од „Панамските документи“, дека работел со рускиот милијардер Генадиј Тимченко.

Грамер додаде дека постојатно било истражувано се во врска со Тимченко и оти при тоа не било откриено ништо сомнително. ­

-Тој е трговец со природни ресурси, кој се збогатил со трговија со нафта и природен гас. Сметаме дека не е ништо лошо што имаме богат руски клиент- смета Грамер.

Банкарот е во Управниот одбор на Хипо Форарлберг од 2004 година, а претседател на Одбор стана во 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top