Кошаркарите на Реал Мадрид покажаа дека се најсилни кога е најпотребно, и со триумф на домашен терен над Химки (83-70) обезбедија пласман во фазата Топ 8 од Евролигата. „Кралевите“ покажаа дека се поентерски расположени уште во првата четвртина, во која постигнаа дури 33 поени. Серхио Љуљ добро го почна мечот, потоа продолжија Џејси Керол, кој заврши како најефикасен со 23 поени, и Фелипе Рејес со 18 поени. Единствен расположен кошаркар кај Химки беше Тајрис Рајс кој уфрли 24 поени.
Барселона исто така оствари клучна победа (59-66), на гости против Жалгирис. Пау Рибас беше најефикасен во победничкиот тим со 14 поени, а Џое Дорси уфрли 12.
Анадолу Ефес на домашен терен го совлада Панатинаикос со 91-86, а Бросе Баскетс беше убедлив против Лаборал Куча (89-69).
Иако вечерва има да се одиграат уште четири натпревари во двете групи, веќе се познати и четврфиналните двобои кои започнуваат веќе во вторник.
Реал Мадрид пласманот на фајнал-форот и одбраната на европската круна ќе го бара против најдобриот тим во досегашниот дел од сезоната, Фенербахче. Серијата се игра до три победи.
ЦСКА Моксва силите ќе ги одмери со Црвена Звезда, Лаборал Куча ја пречекува екипата на Панатенаикос во првиот натпревар што ќе се одигра во Шпанија, а последниот дуел го сочинуваат Локомотив Кубан и Барселна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)