Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод 8-ми Април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Македонија.
„Би сакал најсрдечно да ви го честитам 8-ми Април, Меѓународниот ден на Ромите. Овој значен празник е можност за прослава на различноста, но и за евалуација на степенот на вклученост на ромската заедница во општествените текови“, се вели во честитката на Иванов.
И претседателот на Собранието Трајко Вељаноски упати честитка по повод 8 Април во која вели дека Република Македонија е една од државите кои се активно вклучени во подобрување на социо-економскиот статус и општествената вклученост на Ромите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево