| четврток, 6 декември 2018 |

Из­бо­ри на 5 ју­ни со или без СДСМ

n188-520

Во новиот број на неделникот Република, кој е во продажба од денеска, 8 април 2016 година, ќе читате:

 

Со­бра­ни­е­то се рас­пу­шти

Из­бо­ри на 5 ју­ни со или без СДСМ

Из­бо­ри­те во Ма­ке­до­ни­ја се „бе­то­ни­ра­ни“. Пра­ша­ње­то што  ви­си е да­ли За­ев ќе учес­тву­ва на тие из­бо­ри. Тоа, се­пак, е вто­ро­сте­пе­но. По­важ­на е по­ра­ка­та што тие из­бо­ри ќе ја ис­пра­тат, а тоа е де­ка на­ро­дот во Ма­ке­до­ни­ја има истан­чен вкус за по­ли­ти­ка и чув­ство за др­жав­ност, кои ни­кој во ид­ни­на не тре­ба да ги пот­це­ну­ва.

СДСМ и Зо­ран За­ев, под­др­жа­ни од ра­ко­водс­тво­то, со­о­че­ни со реј­тин­зи­те и пред­ви­де­ни­от из­бо­рен ис­ход, за­и­граа на не­у­чес­тво во из­бо­ри­те, а во игра ги вло­жи­ја и ми­ни­стри­те – тие што тре­ба­ше да га­ран­ти­ра­ат фер из­бо­ри; и прет­став­ни­ци­те во Др­жав­на­та из­бор­на ко­ми­си­ја – во­ед­но и неј­зи­ни­от пре­тсе­да­тел; го вло­жи и из­би­рач­ки­от спи­сок – за што нај­до­бро збо­ру­ва ре­че­ни­ца­та на еден од чле­но­ви­те на ко­ми­си­ја­та де­ка ДИК е ор­ган за спро­ве­ду­ва­ње на из­бо­ри­те, а не по­пис­на ко­ми­си­ја.

 

Полутајна дипломатија

Се урива ВМРО поради името?

Ми­кро­екс­пре­си­и­те и це­лос­на­та кон­фу­зи­ја на ли­це­то на ам­ба­са­до­рот на САД, Џес Беј­ли, кој во ин­терв­ју за „Ка­нал 5“ це­лос­но се вко­ча­ни ко­га бе­ше пра­шан да­ли крај­на­та цел на сце­на­ри­о­то што ѝ се слу­чу­ва на Ма­ке­до­ни­ја е менување на име­то и да­ли из­бо­ри­те на 5 ју­ни ќе би­дат ре­фе­рен­дум за не­го­ва про­ме­на, не мо­жат да до­ка­же де­ка не­кој ја втур­на Ма­ке­до­ни­ја во кри­за за да дој­де до ре­ше­ние на спо­рот со Гр­ци­ја. Се­пак, не­во­о­би­ча­е­на­та збу­не­тост на аме­ри­кан­ски­от дип­ло­мат ко­га бе­ше за­пра­шан за име­то ка­ко зад­ни­на на кри­за­та отво­ра мож­ност на­ста­ни­те што ја тур­наа Ма­ке­до­ни­ја во се­ри­оз­на кри­за во сво­ја­та су­шти­на да има­ат по­ве­ќе од обич­на жел­ба за власт и за ури­ва­ње на ВМРО – ДПМНЕ од стра­на на опо­зи­ци­ја­та. За раз­ли­ка од искре­ни­от Беј­ли, кој во од­го­во­рот ду­ри се бра­не­ше де­ка САД не спро­ве­ду­ва­ат за­го­вор про­тив Ма­ке­до­ни­ја, ам­ба­са­до­рот на ЕУ, Аи­во Орав, на исто­то пра­ша­ње лад­но­крв­но од­го­во­ри де­ка пра­ша­ње­то за име­то не е во не­го­ви­от ман­дат. Тоа што ин­сти­ту­ци­ја­та што ја прет­ста­ву­ва со го­ди­ни го бло­ки­ра по­че­то­кот на пре­го­во­ри­те за членс­тво ток­му по­ра­ди име­то, за Орав не е важ­но. Пра­ктич­но, Орав ни ка­жа де­ка ЕУ има ман­дат за име­то са­мо ко­га тоа е при­чи­на за бло­ка­ди и ве­то про­тив Ма­ке­до­ни­ја, а за се­ко­ја дру­га при­го­да спо­рот со Гр­ци­ја не го приз­на­ва ка­ко свој

 

На Бејли конечно му текна

Одлучува народот, а не чадорот

Американскиот амбасадор Џес Бејли во интервјуто за Канал 5 пред неколку дена отворено кажа дека одржувањето на изборите зависело од волјата на народот. Тоа го знаеме сите, и постојано го нагласуваме , но, интересно е што овој пат беше нагласено токму од Бејли. Дали зад неговите зборови има некоја скриена порака или задна намера? Не знам. Но, јасно е дека со изјавата се признаваат две работи – прво, дека во оваа (како и во секоја друга) демократска држава, за уривање на која било власт е потребен народ и второ, дека дипломатите ја погазија народната волја и го киднапираа суверенитетот на државата со одложувањето на изборите првично закажани за 24 април. (За потсетување, анкетите спроведени во периодот пред да биде одложено распуштањето на собранието покажуваа дека 73,7 проценти од граѓаните не сакаат одложување на изборите!)

 

Заевисти против бранковисти

Предизборни кавги на Павел Шатев

Уште ед­на епи­зо­да из­жи­ве­а­ни двор­ски игри и пар­ти­ски ег­зор­ци­зам. Ка­ко на­ви­ка, по­втор­но пред из­бо­ри, и се­га рас­чи­сту­ва­ат со ми­на­то­то. Де­мек. И овој пат, вре­ќа за уди­ра­ње и за има­ги­нар­но про­чи­сту­ва­ње на пар­ти­ја­та, по­втор­но е екс­ли­де­рот и „ѓа­вол“ Бран­ко Цр­вен­ков­ски. Без­греш­ни­те че­да на спа­си­те­лот од Мур­ти­но и овој пат со си­те си­ли по­жр­тву­ва­но и пре­диз­бор­но се огра­ду­ва­ат од гре­во­ви­те на прет­ход­ни­от не­при­кос­но­вен ли­дер, ко­му За­ев му го дол­жи и ли­дерс­тво­то и сло­бо­да­та. Се­ка­ко, и од не­го­ви­те не­де­ла. Иа­ко, те­шко де­ка не­го­ви­те но­во­ком­по­ни­ра­ни по­да­ни­ци ме­ѓу гре­шки­те од ми­на­то­то ја сме­та­ат и або­ли­ци­ја­та со ко­ја нив­ни­от идол ја до­би сло­бо­да­та. Исти­те тие па­ра­до­ксал­ни ју­риш­ни­ци што се­га ско­каа ка­ко не­до­вет­ни про­тив вра­ќа­ње­то на пре­тсе­да­тел­ски­те ин­ге­рен­ции за по­ми­лу­ва­ње. Којз­нае да­ли би се сог­ла­си­ле од­зе­ма­ње­то на овие мож­но­сти да ва­жи ре­тро­а­ктив­но. Те­шко… То­гаш ли­де­рот, нај­ве­ро­јат­но, би бил во за­твор. А тие, пак, би мо­ра­ле да жи­ве­ат са­мо од „ми­зер­на­та“ про­фе­сор­ска пла­та, оси­ро­ма­ше­ни за со­ле­ни­от хо­но­рар на СЈО или од уште по­ми­зер­ни­от Со­ро­сов „опо­зи­ци­ски до­да­ток“.  А во Пар­кин­зи на Цен­тар не ги зби­ра си­те. Не­ма тол­ку сло­бод­ни ме­ста за „пар­ки­ра­ње“ во оп­шти­на­та. И МВР е пре­тес­но. На­стра­на, ќе трае са­мо до из­бо­ри. Гре­во­та…

 

Ин­терв­ју: Вла­тко По­пов­ски

Ма­ке­до­ни­ја ста­ну­ва гра­ди­ли­ште за ра­бот­ни ме­ста

Ма­ке­до­ни­ја има ед­на го­ле­ма безд­на ме­ѓу обра­зо­ва­ни­е­то и по­тре­ба­та на па­за­рот на труд. Иа­ко три-че­ти­ри го­ди­ни по ред Вла­да­та на РМ, МО, ра­бо­то­дав­ци­те тру­бат де­ка се по­треб­ни тех­нич­ки про­фи­ли на па­за­рот на труд, сѐ уште бро­јот на за­пи­ша­ни уче­ни­ци на овие стру­ки е мал.Сѐ до­де­ка ва­кви­те ком­па­нии не поч­нат да сти­пен­ди­ра­ат уче­ни­ци и гру­пи со га­ран­ци­ја за вра­бо­ту­ва­ње, ја­зот ме­ѓу по­ба­ру­вач­ка и по­ну­да­та на де­фи­ци­тар­ни­те стру­ки ќе би­де го­лем – ве­ли ди­ре­кто­рот на Аген­ци­ја­та за вра­бо­ту­ва­ње Влатко По­пов­ски во интервју за неделникот Република.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top