Шефот на германската држава Јоаким Гаук бара брза интеграција на бегалците по нивното пристигнување во земјата за да се превенира ризикот од влез на политички и религиозен екстремизам.
Претседателот Гаук кој е поранешен свештеник во Источна Германија бара да се користи искуството од други држави кое покажува дека најдобра опција е бегалците поскоро да научат германски и најдат работа.
-Во спротивно ризикуваме незадоволството да доведе до криминал и насилство или да процвета религиозен и политички фанатизам – вели Гаук.
Германскиот претседател нема реална политичка моќ во неговата земја но неговите зборови имаат значително влијание на моралните дилеми со кои се соочуваат неговите сонародници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.