| четврток, 6 декември 2018 |

Таа е руската Ким Кардашијан (галерија)

Моделот Анастасија Квитко (21) која ја нарекуваат „руска Ким Кардашијан“  ја стекна популарноста откако одбиви  да држи диети, а наместо да слабее таа реши гордо да ги  покажува своите облини. Токму облините и нивното покажување на социјалните мрежи и донесоа 2,6 милиони следбеници.

ruska

Кога се преселила во Мајами, модната агенција  која ја ангажирала барала од неа да ослабне што таа категорички го одбила и го раскинала договорт со нив.

-Мислам дека сум популарна кај мажите поради моите изразени женски атрибути. Не ми е јасно зошто толку многу ме споредуваат со Ким Кардашијан – изјавила Квитко за американските медиуми.

4a

Анастасија по потекло е Калињинград руска ексклава на Балтичко море.

-Кога имав 17 години, ме забележа познат моден фотограф Анвар Норов. Се снајдов во улога на топ модел и продолжив по тој пат. Освен тоаи други фотографии ми пишуваа и сакаат да ме фотографираат воодушевувајќи им се на моите облини – појаснува Анастасија.

Русинката тврди дека не направила палстични операции и дека тоа никогаш не и дошло на памет. Сепак на социјалните мрежи се коментира дека ги зголемила градите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top