Адријана Хаслет-Дејвис, инструкторка по танц, ја загуби ногата во трагедијата што се случи на Бостонскиот маратон. Но, таа успеа брзо да ги врати духот, вербата и надежта и веќе планира да почне со подготовки за трчање за следниот маратон. Не планира да се откаже и од својата голема љубов – танцот.
Лекарите не успеаја да ѝ ја спасат ногата на 32-годишната Американка. Мораа да ја ампутираат левата нога пет сантиметри под коленото. Иако оваа трагедија во целост и го измени животот, таа не планира да се откаже од она во што ужива.
– Кога танцувам, не чувстувам потреба за ништо друго. Потполно уживам во тоа. Нема да дозволам некој туку-така да ми го украде животот. Повторно ќе танцувам. И следната година ќе трчам на маратонот – изјави Хаслет-Дејвис за „Бостон хералд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фатална грешка: Мислеше дека трката заврши,па славеше медал, a не го истрча последениот круг
-
Утре пренасочување на сообраќајот до Средно Водно поради атлетска трка
-
Во Скопје се трча во сите годишни времиња: Почнува пријавувањето за Скопје трча 10КМ
-
Пола Редклиф: Беше преубаво да се види толку голем број на среќни учесници