| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Благовец – жените треба да ѝ се помолат на Богородица

благо

Денеска верниците го слават еден од најрадосните христијански празници – Благовестие или Благовец.

Според светото писмо, тоа е ден кога на Богородица ѝ се јавил архангелот Гаврил и ѝ рекол дека со посредство на Светиот дух е во благословена состојба и дека ќе роди син.

Благовестие спаѓа во редот на богородичните празници и во календарот е обележан со црвено, што значи дека на овој ден не треба да се работат тешки работи, а жените не треба да шијат и да перат.

Благовестие посебно го слават жените. Тие што  сакаат да забременат одат во црква или манастир каде што иконите се посветени на овој празник и се молат на Богородица.

Се смета дека на овој ден не се чувствува болката, па на малите девојчиња им се ставаат обетки.

За земјоделците од овој ден почнува сеидбата на житата и тогаш се изнесува семето на сонце. Овоштарите сметаат дека овој ден е најсреќен и најдобар за калемење, а лозарите ја кројат лозата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top