Собранието на Република Македонија се распушти врз основа на изменетата одлука што ја изгласаа пратениците на 23 февруари годинава. Парламентот се распушти со цел одржување на предвремените парламентарни избори на 5 јуни.
Претседателот на парламентот Трајко Вељаноски им се заблагодари на пратениците за досегашната работа и констатира дека нивниот мандат заврши.На седницата не присуствуваа народните избраници од СДСМ. Распуштањето на Собранието значи дека во земјава мора да се одржат парламентарни избори. Распишувањето на изборите мора да биде на 45 до 60 дена од датумот за избори. Тоа значи дека Вељаноски има законска можност до 15 април да ги распише изборите за да се одржат на 5 јуни.
Попладнево министрите и замениците министри на СДСМ поднесоа оставки, но Собранието вечерва не ги констатираше нивните оставки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.