Царинските службеници од граничниот премин „Богородица“ привремено задржаа поголема количина балетанки поради основано сомнение дека повредуваат права на интелектуална сопственост на позната марка.
Царинската управа денеска соопшти дека за влез во Македонија, вчера во транзитна царинска постапка биле пријавени облека и обувки од Турција, наменети за увозник од скопско Кондово, превезувани со камион со македонски регистарски ознаки. При контрола на пратката се пронајдени 2.176 чифта обувки – балетанки, спакувани во 136 картонски кутии, чија фактурна вредност изнесува 200 илјади денари (3.264 евра).
Поради сомневање дека станува збор за фалсификат на заштитена трговска марка, стоката е привремено задржана до утврдување на нејзината оригиналност, во согласност со Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост, соопштуваат од Царинската управа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.