Никола Маџиров на 6 април ќе чита на „Кент Стејт Јуниверзити” во Охајо, САД, заедно со американскиот поет-лауреат Чарлс Симик, во рамки на серијата поетски читања посветени на поетите-лауреати на САД. Настанот вклучува тркалезна маса на тема „Поезијата како глобален дијалог”, како и вечерно поетско читање.
Маџиров во Охајо пристигна по читањето на „ЛМ Јуниверзити” во Лос Анџелес, каде професор-гостин е нобеловецот Воле Сојинка, поет и прозаист од Нигерија. Во рамките на најголемиот годишен книжевен настан во САД, „Конференцијата на писатели и програми за пишување” која годинава се одржа во Лос Анџелес од 31 март до 2 април, Никола Маџиров настапи заедно со Ли-Јанг Ли и останати американски поети пред преполната хала на Конгресниот центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.