Кокошка снесе црвено јајце во живинарската фарма “Лаки” во росоманското село Паликура, сопственост на Петковски Ристо од Кавадарци.
Фармата постои некаде околу 19 години и до сега не се случило вакво чудо, вели сопственикот.
– Бевме и во верскиот храм “Свети Димитрија”во Кавадарци и таму добивме одговор дека се работи за божја работа и дека е добар глас пред Велигден-нагласи Петковски.
Вакво нешто не паметат ниту граѓани од други општини од Тиквешкиот регион, пишува Дневник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.