| четврток, 6 декември 2018 |

Дојдовме до крајот: Ни преостануваат уште 20 години секс

Професорот Хенри Гринли од универзитетот Стенфорд, вели дека разменувањето нежности помеѓу мажите и жените, наскоро целосно ќе исчезне.

Вештачкото оплодување прераснува во една комфортна практика на создавање потомство. Голема е веројатноста дека ќе имате близнаци, можете да го изберете полот на детето, ви гарантираат дека ембрионот е здрав и така натаму. Меѓутоа, што се случува со оној природниот начин за размножување на човештвото?

13-Reasons-Why-You-Have-NO-SEX-DRIVE

За дваесет до четириесет години , кога одреден пар ќе посака да има дете, мажот ќе донира сперма, а жената, делче од кожата, објаснува Гринли. Потоа примерокот од кожата ќе се искористи за создавање матични клетки, од кои ќе се направи јајце. По оплодувањето, настануваат многу ембриони, а брачните другари ќе може да го изберат ембрионит кој ќе биде нивното идно дете.

Сите ќе се тестираат за различни болести и аномалии.

– На идните родители ќе им објаснуваат дека првиот и вториот ембрион се болни од таа болест и нив не ги сакате, а овие два се добри, па можете од нив да бирате, вели професорот
Исто така родителите веќе почнаа да го одбираат полот на своите деца, а наскоро ќе може и да го одбираат изгледот и интелегенцијата на детето, тврди Гринли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top