| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругот ангажирал адвокат: Полицијата од куќата на Марјановиќ изнела кутија во која држеле оружје (фото)

Три инспектори влегле во семејната куќа на Марјановиќи. Полицајците ги придружувал  свекорот на брутално убиената пејачка Јелена, Владимир Марјановиќ.

jelena-krsmanovic_1

Пред еден час, повторно дошле инспектори во куќата на семејството Марјановиќ, во кој со сопругот и со ќерката живеела Јелена, која во саботата беше сурово убиена во Борча.

Тројцата инспектори влегле во куќата придружувани од Владимир Марјановиќ, а по дваесет минути излегле од куќата носејќи маскирна торба со лак и со стрела како и кутија од синтисајзер во која семејството Марјановиќ, како што пренесуваат медиумите, држеле оружје. Инспекторите наводно го проверувале и профилот на „Фејсбук“ на Јелена за да се утврди дали пејачката добивала закани.

auto2-768x576

Сопругот на убиената Јелена, Зоран Марјановиќ, го анагажирал адвокатот Драган Маричиќ. Во 20 часот истекува притворот на Зоран Марјановиќ по што ќе се знае дали тој ќе биде пуштен на слобода или притворот ќе му биде продолжен на 30 дена.

Како што пренесуваат медиумите, Зоран во минатото бил репрезентативец во стрелаштво, бил трет во Србија, а учествувал и на Европско првенство.

strele

Роднините изјавиле дека модринките и раните што Зоран ги имал по рацете ги добил откако во неделата наутро удирал по автомобилот, зашто бил во целосен шок од сѐ што се случува.

strele1

Инаку, судбината на Зоран Марјановиќ зависи од наодите на ДНК-анализата на генетскиот материјал најден под нејзините нокти, која ќе биде готова денес околу 17 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top