| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИС се заканува: Ќе ги нападнеме Лондон, Рим и Берлин

Исламската држава објави ново видео во кое се заканува со терористичи напади на големите европски градови.

untitled3

Во снимката се наоѓа и анимација на рушење на Ајфеловата кула која е позајмена од „Кол оф дјути“, а видеото е направено од телевизиските снимки од смртоносните напади во Брисел, нападот на зградите на Светскиот трговски центар во 2001 година, но и од снимката на вежбите на џихадистите.

Еден од џихадистите на англиски јазик порачува дека нациите што се во криза имаат можност да се свртат кон исламот или да се соочат со казна. Исто така, најавува и напади во Берлин, Рим и во Исланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top