Здружението на граѓани „ФАД Стоби“, организатор на културната манифестација „Рацинови средби“ распиш
„Рациново признание“ се доделува за прозна книга која е иновација во форма, структура и содржина и која ја одбележала годината меѓу двете „Рацинови средби“.
Право на учество на конкурсот имаат сите издавачи кои во периодот од јуни 2015 до април 2016 година објавиле прозни дела на македонски автори.
Конкурсот ќе трае до 5 мај 2016 година. За наградата одлучува стручно жири.
Делата, во четири примероци, треба да се достават на адреса: Општина Велес, За културна манифестација „Рацинови средби“, ул. „Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес Покрај Конкурсот за „Рациново признание“, објавен и Конкурс за наградата „Антологија на болката“ која манифестацијата „Рацинови средби“ ја доделува за најдобра дебитантска и необјавена поетска збирка љубовна поезија од современ македонски поет.
Целта на наградата е афирмација на дебитанти и млади автори на современата македонска поезија. Наградата се состои во публикација од страна на издавачката куќа „Култура“ и промоција на публикацијата во рамки на манифестацијата „Рацинови средби“ 2016.
На конкурсот за наградата „Антологија на болката“ може да учествуваат поети со дебитантски и необјавени збирки љубовна поезија. И овој конкурс трае до 5 мај 2016, а за наградата ќе одлучува стручна жири-комисија.
Дебитантските и необјавени поетски збирки треба да се достават по електронски пат на: racinovisredbi@gmail.com.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.