| четврток, 6 декември 2018 |

Патување во несекојдневното, зачуденото и (над)реалното во збирката раскази „Чејка и Чајка“

В среда, на 6 април во 20 часот во Младонскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи промоција на уште една  книга од едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа „Или-или“, збирката раскази „Чејка и Чајка“ на Вера Чејковска.
За книгата ќе зборува промоторот професорот Иван Џепаровски.
18c30ed9-2bfc-49f9-8aec-2511ca89792c
За љубителите на расказите, оваа збирка ќе претставува патување во несекојдневното, чудното и (над)реалното, со многу елементи на прозни изненадувања. Иако Чејковска на публиката досега ѝ беше позната по неколкуте нејзини поетски објави, со оваа книга таа влегува и во прозните води, храбро надоврзувајќи се на најдоброто во македонската раскажувачка традиција. Токму затоа и индикативниот поднаслов на „Чејка и Чајка“ гласи „зборови за кои не знаеме од каде доаѓаат”.
Вера Чејковска (Скопје, 1954) е македонски поет, есеист, доктор на физички науки, добитник на македонските поетски награди „Млада Струга“, „Кочо Рацин“, „Ацо Шопов“ и „Браќа Миладиновци“.
Изворно, на македонски јазик, ги објавила поетските книги: „Човек и врата“ (1975), „Множење на словото“ (1986), „Опит“ (1992), „Отсуството на Благиот“ (1993 – избор), „Рабови“ (2007), „Отсуството на Благиот II“ (2008 – избор) и „Моите веди“ (2013). Издадени се два нејзини поетски избори на англиски и еден на албански јазик.
За нејзината поезија се напишани над триесетина засебни текстови од дваесетина познати македонски критичари, во кои општите оценки се движат од антитрадиционалност во однос на целокупната македонска поезија до постмодернизам и пост-постмодернизам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top