Гордана Крсмановиќ, стрина на пејачката на „Гранд“, Јелена Марјановиќ Крсмановиќ, чие тело е пронајдено во неделата во каналот кај насипот во населбата Црвенка во Борча, вели дека нејзината ќеркичка Јана постојано плаче и повторува: „Сите имаат мајка, само јас повеќе немам“.
-Со неа во неделата разговараше и психолог, но јас ништо не знам за тој разговор. Ја прашавме Јана за што разговарале тој ден, но таа само молчи – вели Гордана.
Според нејзините зборови, за Јана се грижела Јелена, нејзината мајка Зорица и воспитувачките. Сега девојчето е во градинка и не сака да се врати во татковата куќа, туку сака да оди кај мајката на Јелена.
Нејзиното семејство како да е проколнато. Родителите на Јелена млади се преселиле од Рашка во Борча. Пред 8 години ѝ починал таткото.
-Минатата година стрико ѝ почина од карцином, а годинава и кај мајка ѝ е откриен рак, поради што Јелена до пред два месеци одеше на Институтот за онкологија, каде што лежела Зорица. Беше борец, обожуваше да пее, а ќерката и болната мајка ги издржуваше со пеење – вели стрината низ солзи.
Како што вели, таа не може да знае што се случило кобниот ден, но нема да оди во куќата на родителите на Зоран додека не се открие убиецот.
–Додека не ги видиме резултатите од истрагата на полицијата, нема да влеземе во таа куќа – вели Гоца за српски „Курир“.
Веќе некое време Јелена имаше чувство дека нешто лошо ќе ѝ се случи.
-Кога мојот сопруг, нејзиниот стрико почина пред една година, ме праша: „Што се случува со нас?“, а потоа додаде: „Јас сум следна“. Не претпоставуваше дека е сосема во право. Сите се плашевме да не нѐ напушти нејзината мајка, која е болна болна од карционом – неутешна е Гордана.
Мајката на Јелена, Зорица, не може да дојде при себе откако слушна за страшната вест и постојано плаче, а како што вели, и покрај тоа што Зоран сѐ уште е во полиција, таа не се сомнева во него.
–Не знам во што да верувам, сѐ е чудно. Вечерта кога исчезна, ја барав три часа, не претпоставував дека детето ми е во каналот полн со вода – раскажува мајката, а Гордана се надоврзува на нејзината приказна и вели дека Јелена немала проблем со бракот и дека била среќна.
-Доаѓаа кај нас и изгледаа вљубено. Јеца никогаш не се жалеше на Зоран, а можеби некои работи не сакаше да ми ги каже. Последно гостување имаше во реалното шоу „Парови“ и бевме многу горди на неа кога ја видовме на телевизија. Беше добра и вредна домаќинка, никогаш ништо не ѝ беше тешко – додава таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се тргнал од ќерката Јана на 10 минути, ја убил Јелена, па ја пријавил за исчезната
-
Ожалостен на журка: Додека семејството му тагува, деверот на Јелена на ноќна забава
-
Убиството на Јелена е совршено злосторство? Сите траги паднале во вода, полицијата нема ништо конкретно
-
Недостигаат три клучни работи: Причините поради кои убиецот на Јелена сè уште не е уапсен