| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски: Собранието ќе биде распуштено на 7 април

трајко

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, во интервју за ТВ „Нова“ нагласува дека Собранието ќе биде распуштено на  7 април и дека изборите ќе се одржат на договорениот датум на 5 јуни.

– На 7 април веќе ќе биде распуштено Собранието, значи на 6 април до вечерта може до полноќ да работи Собранието во согласност со Одлуката за измена на Одлуката за распуштање на Собранието. Уште два дена се  работни каде што може Собранието да носи закони, вклучувајќи нели и овој избор на министри и заменици министри. Јас очекувам да има нормален тек овие денови, тоа што е стигната да се заврши низ собраниската процедура да се изгласат закони и секако на 7 април утрото Собранието да биде распуштено и согласно моите надлежности јас да распишам избори за 5 јуни – заклучува Вељановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top