| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието ќе ги избира новите министри и заменици од ДУИ

general-view-sobranie

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 100-та седница треба да ги избере новите министри и заменици министри предложени од ДУИ.

Според предлогот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, нов заменик-претседател на Владата задложен за европски прашања ќе биде Арбр Адеми, Фестим Халили – заменик претседател на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Валдет Џафери – министер за правда, Пиштар Лутфиу – министер за образование и наука, Дритон Кучи – министер за економија, Башким Амети – министер за животна средина и просторно планирање, Ширет Елези – министер за локална самоуправа.

Агим Нухиу треба да дојде на местото заменик министер за внатрешни работи, Фатон Положани за заменик министер за транспорт и врски и Гзим Беадини за заменик министер за финансии.

Предложените кандидати доаѓаат на местата на досегашните министри Муса Џафери, Фатмир Бесими, Беким Незири, Абдилаќим Адеми, Нурхан Изаири, Аднан Јашари и Лирим Шабани, како и замениците Ардиан Џеладини, Неметула Халими, Земри Ќамили и Илми Селами, кои поднесоа неотповикливи оставки во петокот, откако ден претходно таква одлука донесе партиското раководство на ДУИ. Оставките им ги костатираше Собранието вчера на почетокот на 98. седница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top