Иако на големо се зборуваше дека Цеца Ражнатовиќ е во врска со манекенотАлександар Јововиќ, фолк-пејачката конечно одлучила да ја открие целата вистина. Таа признала дека Александар ѝ служел само како параван за да скрие многу поголема ѕверка.
„Бев сигурна дека ќе успеам на јавноста да ѝ ги замачкам очите со неговото згодно тело. Да бидеме реални, кој, откако ќе ги види неговите стомачни мускули, би се мачаел да размислува дали јас и манекенот сме навистина заедно“, изјавила Цеца во едно неодамнешно интервју, додавајќи дека веќе подолго време се гледа со поголем фраер, но поради комплицираните семејни односи, не смеела во јавноста да признае кој е тој. Верувале или не, станува збор за Звездан Терзиќ.
Со оглед на тоа што нивните деца се во интимни врски, Маша со Вељко, а Анастасија соКостадин, тие двајца долго време се двоумеле дали да бидат заедно или не, но на крајот одлучиле да не се откажуваат од можноста да ја доживеат својата романса. Како што пренесуваат регионалните таблоиди, и Звездан признал дека Цеца му го освоила срцето и дека е само прашање на време кога тие двајца ќе стапат во брак. Со оглед на тоа што пејачката веќе ја имаше свадбата на векот, сите се прашуваат како овој пат ќе се надмине самата себе. Можеби со тројна Терзиќ – Ражнатовиќ венчавка?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.