| четврток, 6 декември 2018 |

Расте свеста за присутноста на аутизмот во општеството

Месецот април е познат и како месец на подигнување на свеста за аутизмот. Аутистичните лица, поради се уште неоткриен лек и дијагноза, имаат една маска која ниту предизвикува смеа, ниту може да се извади и заборави.

Од 2010 година, Македонија е вклучена во одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со аутизам, а заинтересираноста како и желбата за информираност кај граѓаните е сè поголема.

cb713af3-c82d-4bec-8abf-d830368f770b

Оваа година, на 2 април, како и насекаде во светот, во Скопје се одбележа Меѓународниот ден на лицата со аутизам, настан организиран во Зоолошката градина, од страна на Здружението за третман на лицата со аутизам, АДХД и Апсергеров синдром „Во мојот свет“.

Настанот беше подржан и од голем број на познати лица, компании и институции, вклучувајќи ги Златно Славејче, Ребека, Џафер, браќата Тавитјан, Биокулт, Шпаркасе Банка и многу други. Покровител на настанот беше г-ѓа Маја Иванова, сопруга на Претседателот на Република Македонија, која ја посочи важноста во блиска иднина да се отвори дијагностички центар за аутизам како и регистар за заболените лица во Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top