| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт за обнова на „Трескавец“ и на „Јован Бигорски“

Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, Македонската филхармонија и манастирот „Св. Јован Бигорски“ утре, на 24 април, среда во скопската Универзална сала ќе одржат хуманитарен духовен концерт. Концертот почнува во 20 часот, а ќе биде насловен како „Страдања Господови“. Приходот од влезниците ќе биде наменет за санација на опожарените конаци во манастирите „Трескавец“ и „Св. Јован Бигорски“.

filharmonija-2

На концертот, кој е под диригентската палка на Ле Фи Фи, како солисти ќе настапат поп-пејачот Димитар Андоновски, монахињата Касијана од манастирот во Рајчица, хорот на свештената Бигорска обител, како и специјален гостин од Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top