Премиерот на Србија Александар Вучиќ потврди денес дека бомба на спортската сала во Зубин Поток ноќеска ја фрлиле Срби и им порача дека ќе се бори за нив и нивните семејства, како и дека им посакува да бидат посреќни и задоволни од што се денес.
-Мојот одговор на нашите Срби кои на таков начин сакале да ме пречекаат – Господ нека ви прости, ќе се борам за вас и вашите семејства да живеете на своите огништа и да биде посреќни и позадоволни од што сте денес – кажал Вучиќ на предизборната конвенција на СНС во Зубин Поток. Вучиќ кажал дека повеќе збор нема да каже околу тоа.
Конвенцијата се одржува во спортска сала каде утринава околу 3 часот е фрлена експлозивна направа и е пукано од автоматско оружје. Во експлозијата е оштетен патнички автомобил кој бил паркиран во близина, а пукнале и некои стакла на салата, но немало повредени лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.