| четврток, 6 декември 2018 |

Прв лет од бриселскиот аеродром Завентен по нападот на 22 март

лет

После самоубиствените напади од 22 март, денеска од бриселскиот аеродром Завентен полета првиот авион, а крајно одредиште на леталото на компанијата „Браселс ерлајнс“ беше португалскиот град Фаро, јавија локалните медиуми.

Извршниот директор на компанијата „Браселс ерпорт“, Арно Феист, изјави дека денеска закажаните три лета „се показател на надежта“ дека аеродромот наскоро може да биде барем делумно отворен за патнички сообраќај по „најмрачните денови во историјата на белгиското воздухопловство“, пренесоа американските медиуми.

Аеродромот во белгиската престолнина беше затворен откако во бомбашките напади на ова воздушно пристаниште и бриселското метро, на 22 март, погинаа 32 лица, додека 270 беа повредени. Одоговорноста за овие напади ја презеде Исламска држава. Мерките за безбедност на аеродромот се значително зголемени, а воведена е и целосно нова процедура на чекирање на патниците. За денеска уште се закажани и два лета на компанијата „Браселс ерлајнс“ за Атина и Торино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top