Единствениот македонски кошаркар што настапил во НБА лигата Перо Антиќ, преку неговиот адвокат Алекс Спиро реши да поднесе граѓанска тужба до судот во Њујорк против полицијата од овој град поради нелегалното приведување што му се случи, заедно со својот поранешен соиграч од Атланта хоукс, Табо Сефолоша, пред ноќниот бар „10АК“ во Њујорк.
На 8 април минатата година, тие беа филмски приведени во доцните вечерни часови, иако на крајот се покажа дека на суд беа повлечени сите обвиненија против Антиќ.
Во петокот Антиќ преку својот адвокат достави тужба и бара компензација која може да достигне и фантастични 25 милиони американски долари. Како дел од ставките во тужбата кои на Перо Антиќ му го нарушиле угледот и му предизвикале дужевна болка се погрешена постапка при приведување, незаконско држеве во притвор, како и кршење на граѓанските права.
– Полицијата на Њујорк грешно и неправилно го приведе Перо Антиќ. За тоа сега ќе треба да ја понесе својата одговорност – изјави Алекс Спиро, адвокатот на Перо Антиќ, по поднесувањето на тужбата.
Истото ќе го стори Сефолоша кој мина полошо и не успеа да одигра ниту натпревар по инциндетот по кој беше повреден. Неговата тужба ќе изнесува двојно повеќе од таа на Антиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје