Која е сегашната жена на премиерот Александар Вучиќ? Тоа никој со сигурност не може да каже дека го знае. Повеќето луѓе веруваат дека е во прашање Тамара Вучиќ, но дали се се уште во брак, останува дилема.
Бидејќи за приватниот живот на премиерот на Србија, информациите се штури.
Сепак во последно време таа неколку пати се појавуваше во јавноста, па сега конечно може да се види како изгледа.
Тамара Вучиќ најпрво се појави на Белиот двор на 8 март на гости кај кралското семјество Караѓорѓевиќ.
-Овде сум сосема приватно. Дојдов на покана на кралскиот пар- изјави тогаш Тамара.
Иако се пишуваше за развод на овој пар, Тамара се уште се појавува како сопруга на премиерот.
Тоа се случи кога во посета на Србија дојдоа принцот Чарлс и војвотката Камила.
Вучиќ од првата жена Ксенија Вучиќ се разведе во 2013 година, а потоа набрзијан се ожени со Тамара. Гласините за нивниот развод не се ни потвредни, ни отфрлени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.