| четврток, 6 декември 2018 |

Пентагон: Ал Багдади ќе плати за своите злосторства

Американското министерство за одбрана порача дека водачот на екстремната сунитска организација Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади „на крајот ќе плати за своите злосторства“.

„Ќе го бараме и ќе го најдеме“, изјави портпаролот на Пентагон, полковникот Стив Ворен.

„Како што го најдовме неговиот ментор, Абу Мусаб ал Заркави и го убивме. Како што го пронајдовме терористичкиот водач Осама бин Ладен и го убивме. Ќе го пронајдеме ал Багдади, и тој ќе плати за своите злосторства“, додаде Ворен.

Меѓународната коалиција предводена од САД последните седмици засилено трага по високите водачи на Исламската држава во Сирија и во Ирак, а Вашингтон понуди награда од десет милиони долари за информации кои би помогнале да се пронајде ал Багдади, како и седум милиони долари за оние кои ќе го овозможат апсењето на вториот човек на организацијата, Абдел Рахман ал Кадули.

Челникот на Пентагон, Ештон Картер, минатата седмица изјави дека коалицијата систематски ги елиминира водачите на Исламската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top