Игор Џамбазов и Весна Петрушевска – Бејби ќе ја промовираат нивната најнова претстава со наслов „Брачна игра“ работена по текст на Едвард Олби, а во режија Тони Михајловски.
Иницијативата за овој проект е на Џамбазов и на Веснакоординатор на драмските дејствија. „Брачна игра” е претстава напишана за во целост да може да се распостелат женскиот и машкиот лик и таа е идеална прилика да се доживее сето она што тие немале можност да го кажат и направат во реалниот живот.
Џамбазов вели дека претставата не е негово враќање на сцена, туку навраќање.
Претставата ќе се игра на малата сцена од Македонскиот народен театар, а цената на билетите за премиерната изведба ќе биде 1.000, додека за следните изведби 600 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.