Во организација на Здружението за третман на лицата со аутизам, АДХД и Апсергеров синдром „Во мојот свет“, а под покровителство на сопругата на претседателот Ѓорге Иванов, Маја Иванова, денеска во Скопје ќе биде одбележан 2 Април – Меѓународниот ден на лицата со аутизам.
Целта на настанот е подигање на свеста и давање поддршка на лицата со аутизам, а ќе се одржи во Едукативниот центар при Зоолошка градина. Најавено е присуство на претставници на дипломатскиот кор, браќата Тавитјан кои се автори на химната за аутизам „Во мојот свет“, членови на мото-клубот „Ноќни волци“, како и на претставници на општествено одговорни компании.
Ќе биде изведена и пригодна програма со учество на реномирани македонски естрадни уметници, на ученици од ОУ „Петар Здравковски – Пенко“ и други млади автори.
Здружението „Во мојот свет“ и оваа година по повод Меѓународниот ден на лицата со аутизам ќе се вклучи во светската кампања насловена „Да осветлиме во сино“, како поддршка на овие лица. Со почеток во 19 часот во сина боја ќе бидат осветлени Претседателкиот кабинет, Археолошкиот музеј и зградата на Министерството за надворепни работи.
По повод Светскиот ден на аутизмот – 2 Април, Здружението „Интеракција плус“ од денеска до 9 април организира Недела на лицата со аутизам, во чии рамки ќе се вршат бесплатни прегледи и консултации за децата со аутистични проблеми во Логопедско-дефектолошкото студио на Здружението.
Акцијата е наречена „Пет сетила – еден свет“, а секојдневно ќе се одржуваат креативни работилници за децата со аутистички спектар на нарушувања. Работилниците ќе опфаќаат дијагностика, индивидуелаен тераписки пристап за секое дете, примена на најсовремени тераписки методи во третманот на аутизмот во Сензорна соба, развивање на говорот преку слики, окупациона терапија и слично.
Работилниците ќе се одржуваат во просториите на Здружението кои се наоѓаат во близина на Универзалната сала, секој работен ден во попладневните часови. Заинтересираните може да се јават на бројот (о78/245-484) или на е-маил адресата ana_petreska@live.com.
По повод Светскиот ден на свесноста за аутизмот, денеска напладне во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ ќе биде отворена изложба на фотографии со илустрации насловена „Будење”.
Втори Април се одбележува како свертски ден посветен на информирање и активизам за аутизмот, почнувајќи од 2008 година. Воведен е со одлука на Генералното собрание на ОН, усвоена на 18 декември 2007 година по предлог на Катар и поддржана од сите земји-членки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст