| четврток, 6 декември 2018 |

На аеродромот во Брисел работат најмалку 50 припадници на ИД со пропусници за влез во пилотските кабини

САД веќе испратиле тимови на Федералното истражно биро да им помогнат на белгиските власти во истрагата за минатонеделните напади во Брисел, соопшти Белата куќа

brisel bombi

Најмалку 50 припадници на Исламската држава моментално работат на бриселскиот аеродром Завентем, на кој пред една седмица имаше терористички напад, објавија белгиските медиуми.

„Припадници на радикалната група имаат пропусници и можат да влезат во кокпитот на авионот“, наведува белгискиот весник „Ниевсблад”. Во писмото од полицајците кои работат на аеродромот се наведува дека властите одзеле пропусници од неколку лица кои биле блиски на ИД, но очигледно не на сите. Особено не на оние кои се вработени во продавниците, одделенијата за чистење или за багаж.

– Нам ни е јасно дека терористите со помош на своите шпиони ја тестирале безбедноста на нашите надлежни служби на аердромот пред да тргнат во акција, се наведува во писмото на белгиската полиција. Минатата седмица, на аеродромот Завентем и метро-станицата во Брисел се случија неколку самоубиствени напади за кои одговорноста ја презеде Исламската држава. САД веќе испратиле тимови на Федералното истражно биро да им помогнат на белгиските власти во истрагата за минатонеделните напади во Брисел, соопшти Белата куќа.

-Белгија прифати наша помош. ФБИ на терен помага во истрагата. Разменуваме информации и разузнавачки податоци со Белгија во врска со терористички закани, изјави Бен Родс, заменик советник за национална безбедност. Тој додаде дека белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбон ќе разговара за соработка во областа на безбедноста со американскиот државен овбинител Лорета Линч за време на самитот за нуклеарна безбедност во Вашингтон. -Веруваме дека Белгија го разбира ова многу сериозно и имаме ефикасна координација кога станува збор за поддршка во нивната истрага и се обидуваме да спречиме дополнителни заговори, изјави Родс.

Salah-Abdeslam

Судот одлучи: Абдеслам ќе биде екстрадиран во Франција

Белгискиот суд одобри осомничениот за париските напади Салах Абдеслам да биде екстрадиран во Франција, соопшти белгиското федерално обвинителство. Адвокатот на Абдеслам претходно изјави дека неговиот клиент изразил подготвеност да соработува со француските власти и оти нема да ја обжали одлуката за екстрадиција.

Обвинителството соопшти дека сега Брисел и Париз ќе треба да се договорат како Абдеслам да биде префрлен од Белгија во Франција.

По апсењето на 18 март, Абдеслам одговори на некои прашања на истражувачите, но по нападите на 22 март го искористи своето право на молчење. Истражителите се убедени дека нападите во Париз и во Брисел се извршени од една иста исламистичка мрежа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top