Граѓаните на Црна Гора најдоа начин како да се справат со високите сметки за струја – почнаа да купуваат смартфони со апликација која ја попречува работата на броилата.

Телефоните со посебен софтвер и со инсталирани апликации кои служат за намалување на потрошената електрична енергија се продаваат на неколку затворени групи на социјалните мрежи и по форумите. Продавачите на телефоните тврдат дека пред продажбата секој купувач може да се увери дека апликацијата работи и дека навистина ги намалува потрошените киловати. Освен телефони со апликации за кражба се продаваат и други уреди.
Цената зависи од видот на броилото. Доколку се работи за старо броило, за еден уред е доволно да се изделат од 10 до 200 евра. На дигиталните броила, тврдат Црногорците, потешко се краде струја. Прв делотворен начин, но и рискантен е блокирање на броилото со електрошок.
Поскапата варијанта и најчеста е купување специјални силни магнети кои ја забавуваат работата на броилото, а можат да се нарачаат на интернет. Еден Фејсбук дилер кој продава телефони во Подгорица тврди дека има понуда апликација која ја попречува работата на броилата така што ја забавува потрошувачката. Паметните телефони со инсталирани апликации за попречување на работата на броилата тој ги продава од 160 до 280 евра, во зависност од моделот на телефонот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


