
Вчера во 14.10 часот во ПС „Ѓорче Петров“, Л.Т. (32) од Скопје пријавила дека околу 13.20 часот непознато лице извршило разбојништво врз неа.
Додека таа се движела со велосипед по патот кон с. Радуша била пресретната од непознатото лице, кој ја турнал на земја и почнал да ја удира со тупаници во пределот на главата.
Сторителот се обидел да ја соблече, но откако не успеал во тоа ѝ одзел мобилен телефон и побегнал.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


