Најпосакуваното парче облека за оваа сезона, блузата со карнери, повторно го има куќата „Миу миу“. Се работи за памучна блуза, украсена со асиметрични карнери од тул. Ова парче облека е добра инвестиција бидејќи без проблем може да се носи со обични панталони или со елегантно здолниште.
Преубав модел нуди и „Рози Осолин“. Во колекцијата има неколку блузи кои спојуваат два големи тренда – голи раменици и меки карнери кои се исклучително женствени. Луксузните верзии на карнерите ги претставија „Гучи“, „Клое“ и „Ланвин“. „Гучи“ предлага плисирани карнери во силно розови нијанси, а „Коле“ и „Ланвин“ се одлучија за вечната црно-бела елеганција.
Еден од најубавите примероци за сезоната доаѓа од студиото на Проенза Скулер. Дизајнерскиот дует во ова парче облека вметна и морнарски елементи, а како резултат на тоа добија романтична блуза со голи раменици и со долги, тесни линии.
Карнерите се одличен моден зачин во секојдневниот изглед. Тие ѝ даваат сензуалност и елеганција на секоја обична блуза. Оваа сезона нежната, женска страна ќе биде нагласена со карнери во секаква варијанта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.