| четврток, 6 декември 2018 |

Курдските сили подготвуваат ослободување на градот Рака

raka sirija

Курдските сили во Сирија се подготвуваат за ослободување на Рака, упориштето на Исламската држава, соопшти лидерот на сириските курди Салех Муслим.

  • Сириските демократски сили се подготвуваат со коалицијата да ја ослободат Рака, навел тој.
На курдските борци ке им биде потребна поддршката на 50.000 арапски жители во регионот на Рака, за да преземат контрола над градот кој џихадистите го претворија во нивна база.
Лидерот на Партијата на Демократско единство вели дека неговите сили моментално се обидуваат да заземат коридор долг 70 километри кој е единствена пристапна рута на терористите од Турција.

Според неговите зборови, борците на ИД кои побегнале од Палмира минатата недела сега се движат кон градот Азаз.

Тој коридор меѓу Турција и Рака мора да се затвори со помош на воздушна поддршка на коалициските сили, заклучи Муслим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top