Претендентот за претседателски кандидат на републиканците, Доналд Трамп покрена нова лавина реакции во САД по изјаваа дека не може да отпише можност да употреби нуклеарно оружје против Европа.
Иако нагласи дека „би бил последен што би решил да користи нуклеарно оружје“, Трамп мораше да праша зошто САД прави нуклеарно оружје ако никогаш нема намера да го користи. На прашање на новинарот Крис Метјус дали би го искористиле против Европа, Трамп одговори, дека не верува, но и дека нема намера да ја отпише таквата можност.
Иако новинарот го предупредувал дека сѐ што ќе каже носи одредена тежина и во иднина би требало да зборува повнимателно , Трамп останал цврсти на ставот.
– Би бил исклучително бавен во донесувањето на таква одлука, но ако некој ве нападне со нуклеарно оружје, зар не би му вратиле со иста мера – праша Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.