Мистериозниот објект 1991 VG, кој е необичен поради чудната ротација, за првпат е забележан во ноември 1991 година од астрономот Џејм Скоти од Универзитетот во Аризона, пишува „Дејли мејл“.
Теориите за овој мистериозен предмет се движат од тоа дека станува збор за мал метеор, па се до тоа дека се работи за вонземјена сонда испратена специјално за да ја проучува Земјата.
Овој објект за кој некои стручњаци сметаат дека се работи за дел од ракетата Аполо 12, би требало да пролета покрај Земјата во 2017 година, но Скоти тврди дека времето не се поклопува и дека ги „прегледале сите можни случаи и сметаат дека се работи за предмет од човечко потекло“.
– Имаше неколку множни делови од свемирски бродови и ракети кои би можеле да бидат 1991 VG. Но, откако го проверивме секој од нив моравме сите да ги елиминираме, додава Скоти.
Постојат и тврдења дека би можело да се работи и за тајна ракета која Русите ја испратиле во орбитата без да го известат остатокот од светот.
– Русите имаа ракети силни исто колку и американските, тие сакаат да ги сокриваат нештата кои нема да се реализираат успешно и се обидуваа сами да одат на Марс, напиша еден корисник на „Реддит“.
Кога Скоти за првпат го забележал објектот имал пречник од околу 10 метри и поминувал покрај Земјата на оддалеченост од околу 450.000 километри. Објектот покажувал брза ротација додека сјајот му растел и му опаѓал, а во тоа време сеуште не бил забележан ниту еден астероид со таква големина кој така би се однесувал.
Откако биле собрани податоци, Скоти сфатил дека тоа е веќе втор пат како неидентификуваниот објект поминал покрај Земјата откако тоа го сторил во март 1975 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.