| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ-Фантомска – Бараа криминал, се најдоа себеси

n187-1

Во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од утре 1 април 2016 година, ќе читате:

 

СДСМ – Фантомска

Бараа криминал се најдоа себеси

Кој може да пресмета колку нѐ чини срамот наречен „чистење избирачкиот список“? Не само финансиски, за теренските проверки и за рекламата „Пуштете го ДИК да ви влезе“, туку воопшто како држава, како општество, пред самите себе, кога и покрај сите очигледни факти, претендент за премиер исцрпно објаснува „џабе гласате“, кога некој „ќе тупне 200-300.000 ливчиња во кутиите“? Таа сметка наскоро ќе биде испорачана, а дотогаш ќе се занимаваме со секојдневно препознавање на „фантомите“. На телевизија.

 

Специјална тортура на државата

СЈО се бламира за СДСМ да профитира

Во ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја, 28 март 2016 го­ди­на ќе би­де за­па­ме­тенка­ко нај­важ­ни­от ден во на­ма­лу­ва­ње­то на упо­тре­ба­та на вул­гар­но­сти­те во Ма­ке­до­ни­ја. Од овој да­тум сле­ду­ва­ше дра­сти­чен пад на пцу­е­ње­то пред ко­о­пе­ра­ци­и­те, во ка­фе­а­ни­те и во град­ски­те авто­бу­си. Ве­ру­ва­ле или не, но вид­но на­ма­лу­ва­ње има ду­ри и кај во­за­чи­те во авто­мо­би­ли­те, кои нај­че­сто, спо­ред ста­ти­сти­ка­та, на па­ти­шта­та се во­зат са­ми кон ра­бо­та. Зав­ла­деа страв. Си­те поч­наа да се за­мис­лу­ва­ат пред да оп­цу­јат. Бла­го­да­ре­ние на Ка­ти­ца Ја­не­ва.

 

Прислушување, одовде до вечноста

Нема капак за Пандорината кутија на Заев

Македонија веќе една година ја живее сагата за прислушуваните телефонски разговори, а сè уште не може ни да се претпостави колку долго ќе траат последиците од масовното прислушување. Неколкуте приватни разговори што преку социјалните мрежи станаа достапни за јавноста ја покажаа матрицата по која во иднина може да се движи скандалот со прислушување. Секогаш кога некој од тие што ги поседуваат снимките или дел од нив не е задоволен од својата политичка позиција, финансиска состојба или има личен конфликт со некој од оние чии гласови можат да се слушнат на снимките, јавноста ќе може да „ужива“ во пикантерии. И благодарение на желбата со помош на прислушувани разговори да се направи политички баланс, Македонија уште многу години ќе ги живее последиците од аферата „Прислушување“, без да добие можност да се воспостави нормален политички дијалог.

 

Двете лица на опозицијата

Слугата Љубе и неговото право

Настаните што му претходеа на конфликтот во 2001 година и промената на власта во 2002 година, во повеќе наврати се споредувани со случувањата од минатата и од оваа година, при што секој оној со здрав разум може да заклучи дека некои центри на моќ со години наназад на идентичен начин се обидуваат да ја уништат државата со помош на домашни предавници. Задачата на Верушевски и тогаш и сега беше да ги подготви аферите за прислушување за да се уништи кредибилитетот на државниот врв, радикалните албански структури беа задолжени за задавање удар врз безбедноста на државата и за плашење на народот кому требаше да му стане јасно дека во случај да се спротивстави на тоа што го наложуваат амбасадорите и посредниците ќе следува крвопролевање. Улогата на Ахмети, кој требаше да ја „демократизира“ Македонија, овој пат му е доверена на Заев, а целта на постоењето на Специјалното обвинителство е да помогне во предизборниот маркетинг на опозицијата, како што тогаш тоа го направи Меѓународниот суд во Хаг со случајот „Љубе Бошковски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top