| четврток, 6 декември 2018 |

Четириесет проекти за млади од огромна корист и за младите и за градежните компании

Новите 40 мерки и проекти за млади од новата програма на владејачката партија, ќе бидат добра стимулација за младите да искористат многу работи и да имаат подобар квалитет на живот. Проектите ќе имаат двострана корист – и за младите и за градежниот сектор, но и за работниците во градежниот сектор кои на среден рок ќе добијат доста проекти и гарантирани вработувања.

– Понудивме 40 нови мерки од кои дел почнавме да ги имплементираме, но најголемиот дел ги нудиме како дел од новата програма, во која ќе има и други мерки за младите. Наидоа на одличен одзив, направивме силен фокус на младите, сметаме дека тоа ќе даде добри резултати за нив, за нивната иднина и оваа листа од 40 проекти која е како дел од нашата нова програма ќе бидат нов квалитет на живот на младите луѓе. Освен што ќе им помогнат на младите, ќе помогнат и во градежниот сектор. Околу 40 милиони евра ќе се инвестираат во 3-4 години за да се спроведат проектите, 40 милиони евра ќе влезат во економијата, многу работници и компании ќе живеат во тие години – потенцираше Груевски во неодамнешното гостување во Дневникот на „Сител ТВ“.

Агенцијата за млади и спорт веќе распиша јавна набавка за избор на фирма која ќе постави спортска опрема на отворено, во парковите низ земјава, во насока на реализација на новиот проект на АМС за изградба на нови урбани катчиња за спортување и рекреација. Предвидено е да се изградат модерни фитнес-зони, со различни справи и реквизити за спортување и вежбање на сите граѓани, а особено на најмладите.

Фитнес-зоните ќе се поставуваат во парковите и други јавни површини во вкупно 20 општини во земјава, за што од страна на Агенцијата за млади и спорт се обезбедени околу 40 милиони денари. Изградбата се очекува да започне наесен.

150 нови баскет игралишта, отворен базен во СЦ Борис Трајковски и во Шуто Оризари, нова Гимнастичка и тениска сала, како и нови Скејт паркови се дел од проекти кој што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги промовираше во изминатиот период.

Инвестициите во спортската инфраструктура се само дел од пакетот проекти кој што беше објавен од ВМРО ДПМНЕ.

Промовираните проекти за младите ќе влијаат и на градежништвото. Од 40-те мерки и проекти, околу 17 се со инфраструктурен карактер, а планирањата се дека тие на градежништвото ќе му донесат над 40 милиони евра свежи пари за реализација на овие проекти.

– Нашите проценки кажуваат дека ќе влезат околу 40 милиони евра свежи пари во градежништвото со реализацијата на овие 17 проекти за млади, дали се тоа проектите за градење на гимнастичка сала, дали е проектот за градење на базен во СЦ „Борис Трајковски“, дали проектот за изградба на 150 баскет игралишта, за изградба на нов конгресен центар во Охрид или некои од многуте други проекти, 17 од нив се поврзани со градежни работи – изјави Груевски неодамна.

  1. Купи куќа за млади
  2. Бесплатен железнички викенд за млади до 27 години
  3. Современи бини за настани и манифестации
  4. Ласерска корекција на диоптрија
  5. Намалена партиципација за студентите од самохрани и еднородителски семејства
  6. Вработување на 100 најдобри студенти
  7. Бесплатен превоз за студентите
  8. Промена на студенски статус, на студентите со кофинансирање ќе се даде можност да им се намали партиципацијата, учеството за 50% доколку го постигнат планираниот просек
  9. Инвестирај во својата иднина, со кој ќе овозможува стипендии за постдипломски и докторски студии на државните универзитети под мошне поволни услови за студентите кои доаѓаат од семејства со помали приходи
  10. Перални и сушални во државните студентските домови
  11. Бесплатна обука за основни компјутерски вештини и странски јазици за млади лица до 29 години
  12. Бесплатни леќи и очни помагала за средношколци и студенти
  13. Бесплатно патување за најдобрите студенти
  14. Амфитеатар во Скупи
  15. Нов конгресен центар во охрид
  16. Средношколска среда, бесплатен превоз за средношколците во ЈСП
  17. Стимулација за упис на теничките факултети
  18. Учителска школа во Скопје
  19. Изградба на отворен базен во Скопје
  20. Национална математичка гимназија
  21. Нова спортска сала за потребите на универзитетот за информатички науки и технологии „св. Апостол Павле“ во Охрид
  22. Еден клик  што значи  електронски студентите ќе можат да поднесуваат пријави, потврди..
  23. Гимнастичка сала во спортскиот центар „Борис Трајковски“
  24. Саем за средношколски иновации
  25. Затворена тениска арена во Скопје
  26. Млади амбасадори, мерката за средношколците кои ќе освојат награда на една од 12-те Меѓународни научни олимпијади, ќе добијат годишни стипендии, кои ќе ги примаат 12 месеци.
  27. Отворен пливачки базен во Шуто Оризари
  28. Комплетно реновирање на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје
  29. Реконструкција на Офицерскиот дом во Битола
  30. Нови скејт-паркови
  31. Ново матично во Скопје
  32. Реновирање на националната универзитетската библиотека во скопје „Свети Климент Охридски”
  33. Мултифункционална читална во Скопје
  34. 150 игралишта за баскет
  35. Читални во Струмица, Аеродром и во Велес
  36. Фитнес зони
  37. „Студент-фест“
  38. Субвенционирано купување на музички инструменти
  39. Бесплатен здравствен преглед за спортски репрезентативци
  40. Нови читални во Прилеп, Струга и во Гевгелија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top