Двајцата адвокати на Горан Грујовски, првоосомничениот во случајот „Тврдина“ денеска до скопска единица поднеле жалба на синоќешната одлука на судијата во претходна постапка кој на Грујовски му одреди 30 дена притвор.
Во следните 48 часа, до судот треба да пристигне и одлуката на СЈО по однос на жалбата на адвокатите на Грујовски. Потоа, Кривичниот совет на судот ќе треба да одлучи дали ќе ја прифати жалбата на адвокатите или не.
Грујовски е осомничен од Специјалното јавно обвинителство за три кривични дела. До апсењето тој беше шеф на Петтата управа на УБК, задолжена за следење на комуникациите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.