| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец претепан во кафуле на „Партизанска“, уништен и неговиот автомобил

Вчера наутро во 9.00 часот во ПС-Центар, Ж.М.К. (43) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 4.30 часот во локал на бул. „Партизански Одреди“ во Скопје физички бил нападнат од лицето М.К.

Напаѓачот дошол во локалот и без повод и причина почнал да го удира Ж.М.К. во пределот на главата, додека тој седел со својата девојка и со свој другар.

Ж.М.К. успеал да се затвори во тоалетот и кога излегол надвор по некое време забележал дека предното и задното вертобранско стакло и стаклата од десната страна на неговото возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, му се искршени. Исто така, бил набиен и предниот браник.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top