По сциентологијата, холивудските ѕвезди се насочуваат кон ново помодарство – садомазохистички секс-култ.
Тајното друштво, кое се нарекува Ордо темпли оријентес (ОТО), е сатанистички секс-култ кој ги истражува сексуалните нагони за да се постигне смиреност во животот. Во него членувале неколку светски познати личности, меѓу кои и пејачката Ријана, но и сопругот на Бијонсе, Џеј Зи, гитаристот на „Лед цепелин“, Џими Пејџ, како и ќерката на британскиот музичар Боб Гелдоф, Пичиз Гелдоф.
Скандалот избил во јавноста откако младата Пичиз се пофалила на „Твитер“ дека станала членка на ова тајно друштво и објавила фотографија од истетовираниот симбол на сектата.
ОТО култот бил формиран кон крајот на 19 век, содржи посебни насилнички сексуални ритуали, но и магија со која се повикуваат боговите на злото, а постојано се употребуваат тешки дроги, како опиум, хероин и мескалин. Најважното мото на сектата е „Прави што ти е по волја“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



