| четврток, 6 декември 2018 |

Осум бегалци се повредени во Пиреја

Најмалку осум лица се полесно повредени во судири меѓу авганистански и сириски бегалци што се случиле доцна синоќа во Пиреја.

Грчката крајбрежна стража соопшти дека повредените се хоспитализирани.

Во меѓувреме, во Пиреја пристигна ферибот со седум бегалци и емигранти од Хиос и Митилена, а за денеска се очкува само уште едно лице.

Според последните податоци, во Пиреја и во околината има 5.800 бегалци и емигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top