Се зголемува семејството Кардашијан-Џенер. Според американските медиуми, една од петте ќерки на Крис Џенер го очекува своето прво дете.
Иако само што наполни 18 години, Кајли, најмладата од сестрите, веќе е бремена, пишува магазинот „Лајф ен стајл“, повикувајќи се на наеименуван извор.

За скандалот да е поголем, татко на детето е нејзиното момче, раперот Тајга, кој пак веќе го има тригодишниот син Кинг Каиро од врската со Блек Чајна. Оваа пејачка, пак сега е во врска со братот на Кајли, Роберт Кардашијан.

- Кајли малку се здебели и вели дека има чудна желба за пилешко и крофни. Таа говори само за имиња на бебиња, дали ќе роди момче или девојче, како ќе ја уреди детската соба… Сепак не се сите толку воодушевени од овие вести. Постарите сестри на Кајли, Ким, Клои и Кортни Кардашиан, сметаат дека тоа е голема грешка – вели изворот.
Нејзината мајка, Крис Џенер не била изненадена од вестите, но ниту таа не е „особено восхитена“ од нив.
Кајли беше грдото пајче во семејството и подлегна на неколку пластични операции за да изгледа како што изгледа денес.

Тамошните медиуми коментираат дека таа ќе направи се за да изгледа и да ја надмине во славата најславната меѓу сестрите, Ким Кардашијан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


