Вчера во 10.00 часот во Велес на крстосницата од ул. „АСНОМ“ и ул. „Андон Шурков“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „даеву матиз“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија, а управувано од С.А.(45) од Велес и товарно возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од С.А. (24) од с.Бузалково, велешко.
По незгодата, возачот на „матизот“ С.А. бил пренесен во велешката болница, каде била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Велес. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција, а возилата биле однесени на вонреден технички преглед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст