| четврток, 6 декември 2018 |

Работник се бори за живот по пад од скеле

Вчера околу 13.00 часот во рудникот „Сивец“ во Прилеп, С.Д. (54) од Прилеп паднал од скеле при што се здобил со повреди во пределот на главата и телото и се наоѓа во животна опасност.

Повредениот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за падот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top