Дарен Стар, продуцент и автор на серијата „Секс и град“ во интервјуто за „Ентeртејмент Викли“ открил информација која ќе ги изненади сите обожаватели на серијата.
Раскажал кои актери биле првиот избор за улогите на Фаца и на Ејден, мажите кои оставија најголема трага во срцето на Кери Бредшо, ликот кој го глумеше Сара Џесика Паркер.
Го сакав Алек Болдвин за улогата на Фаца. Меѓутоа, кога го запознав Крис Нот, помислив дека е совршен. Се сеќавам кога прв пат ја читаше улогата. Не велам дека Крис навистина беше Фаца, но внесе голем дел од својата личност во улогата, открил Стар.
Втората најголема љубов на романтичната Кери, Ејден Шо, требало да ја толкува американскиот катер Ејден Куин. Прво го сакавме Куин, но тој не беше слободен. – Го обожавав Џон Корбет во серијата „Живот на север“ и се заинтересирав што прави тој, Џон едноставно ја имаше онаа фраерска вибрација – заклучил Дарен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.